Борче Димитровски, секретар на Општина Битола преку Фејсбук статус пред гласањето на ребалансот на буџетот на Општина Битола. Набројувајќи ги проектите во вредност од 11.5 милиони евра за Битола, Димитровски вели некој бара камења за сопнување, некој со камења удира темели за поубава Битола. -ТРИ типски училишни спортски сали во: ОУ “Стив Наумов”, ОУ “Тодор Ангелевски” и ОУ “Даме Груев” – подрачно училиште во Долно Оризари ВРЕДНОСТ 144 милиони денари
Изградба и реконструкција на ДЕВЕТ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА во: ОУ “Даме Груев”, ОУ “Климент Охридски”, ОУ “Трифун Пановски”, ОУ “Ѓорѓи Сугарев”, ОУ “Гоце Делчев”, игралиштето во “турското” училиште, ОУ “Коле Канински” – буковски ливади, ОУ “Тодор Ангелевски” – подрачно училиште во Г. Оризари, ОУ “Тодор Ангелевски” ВРЕДНОСТ 112 милиони денари
Реконструкција на игралиштето во населба СТРЕЛИШТЕ и реконструкција на игралиштето за ТЕНИС во БРУСНИЧКА населба ВРЕДНОСТ 28 милиони денари
Изградба на ШЕСТ нови ПАРКИНЗИ – Овчи Пазар, Ат Пазар, Браќа Џаферови, поранешната касарна, Хеликоптерот, Кифлата ВРЕДНОСТ 30 милиони денари
Реконструкција на објект во Буковски ливади со пренамена во УЧИЛИШТЕ ВРЕДНОСТ 30 милиони денари
Изградба на АТЛЕТСКА ПАТЕКА на стадионот “Петар Милошевски” ВРЕДНОСТ 77 милиони денари
-Ова се само дел од проектите одобрени од Владата на РМ на последниот повик кои се дел од ребалансот на буџетот на следната седмица на Советот на Општина Битола овој понеделник!
Вкупната вредност на сите одобрени проекти е во висина од 707 милиони денари или на 11.5 милиони евра!
На денешната седница на комисијата за финансии и буџет советниците на СДС и Поинаку уште еднаш покажаа дека се шампиони во кочење и замајување на јавноста барајќи алиби да бидат против проекти за развој на градот!
Некој ќе бара камења на сопнување, некој со камења ќе удира темели за поубава Битола…граѓаните се мудри и знаат да ја препознаат разликата!
Дел од ребалансот се и проекти за изградба и реконструкција на објекти, водоводна, канализациона мрежа и коловоз во градот и населените места Трн, Карамани, Братиндол, Барешани, Ротино, Г. Ореово, Крклино, Кременица…стои во фејсбук статусот на Димитровски