УТРО.мк

Асфалтиран дел од улицата „Нико Фундали“ во Битола – реконструкција на патната и подземната инфраструктура

Асфалтиран дел од улицата „Нико Фундали“ во Битола – реконструкција на патната и подземната инфраструктура
Vero

Во Битола денеска беше извршено асфалтирање на дел од улицата „Нико Фундали“, како дел од сеопфатен проект за реконструкција на коловозот, водоводната и мешовитата канализациона мрежа. Проектот опфаќа вкупна должина од 340,70 метри.

Реконструкцијата вклучува целосна обнова на коловозната конструкција, како и на тротоарите, кои се изведени со нови префабрикувани павер елементи. Покрај површинските зафати, целосно се заменети и дотраените подземни инсталации.

Во делот на водоводната мрежа, старите азбест-цементни и ПВЦ цевки се заменети со нови полиетиленски (PE) цевки, додека канализационата мрежа е реконструирана со поставување на нови коругирани полиетиленски цевки (PE) со класа SN8 и внатрешен дијаметар од 300 мм.

Проектот чини вкупно 12.628.225 денари, од кои 7.506.051 денари се наменети за коловозот, 2.443.398 денари за водоводната мрежа и 2.678.776 денари за мешовитата канализација.

Општина Битола продолжува со реализација на вакви инфраструктурни проекти, со цел подобрување на условите за живот и подигнување на квалитетот на урбаната средина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран