УТРО.мк

ФОКУС: Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари, при претрес му се најдени запаливи материјали!

ФОКУС: Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари, при претрес му се најдени запаливи материјали!
Vero

При претрес во домот на претседателот на огранокот на ДУИ во Шутооризари, полицијата пронашла пиротехника и запаливи материјали, а неговиот телефон е одземен и даден на вештање со цел да се испитаат сомнежите за намерно предизвикување пожари во Скопје, неофицијално дознава „<a href="https://fokus.mk/funktsioner-na-dui-e-osomnichen-za-podmetnuvane-pozhari-pri-pretres-mu-se-najdeni-zapalivi-materijali/">Фокус</a>“.

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје.

Како што дознава „Фокус“, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шутооризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес.

Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.

Полициски извори не информираат дека, меѓу останатото, се испитуваат сомнежите дека тој е поврзан и со пожарот во отпадот во Визбегово, бидејќи поседува имот веднаш до опожарената парцела.

Станува збор за функционер на „интегративците“ на локално ниво со иницијали И.Л., чиј, брат, пак, е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје на чело со Данела Арсовска.

Во врска со ова, се обративме и официјално до МВР, но од таму досега не добивме одговор на прашањето дали се откриени и други докази кои го доведуваат споменатото лице во релација со пожарите во главниот град.

Инаку, министерот Панче Тошковски на прес-конференција веќе соопшти дека полицијата има основано сомнение дека пожарите се потпалуваат организирано, но не откри детали колку и кои лица се осомничени.

Целиот текст на ФОКУС.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран