Општина Чаир најостро го осуди инцидентот што се случи меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територијата на општината, нагласувајќи дека ваквите случувања се неприфатливи и спротивни на вредностите на едно демократско и цивилизирано општество.
Во соопштението испратено до јавноста, од Општина Чаир појаснуваат дека настанот не е во никаква поврзаност со нивната институција. „Ниту еден вработен или функционер на Општина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот“, стои во соопштението.
Од таму потенцираат дека остануваат посветени на зачувувањето на јавниот ред, почитувањето на институциите и унапредувањето на соживотот меѓу заедниците.
Општината упати апел надлежните институции да постапат согласно своите овластувања, со внимание и одговорност, со цел расветлување на инцидентот и зачувување на јавниот ред и мир.