На 08.07.2025 во 20.35 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар е лишен од слобода Б.М.(59) од с. Бучин, крушевско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда” со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, ќе биде поденесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.