Епидемија на алиментарна токсоинфекција со Salmonella enteritidis во Прилеп
Институтот за јавно здравје пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis во текот на месец јуни.
Центарот за јавно здравје Прилеп регистрира 38 случаи на заболени лица кои консумирале иста храна во една фабрика во градот. Тројца пациенти беа хоспитализирани. Од пет земени микробиолошки примероци, кај две лица беше изолирана Salmonella enteritidis.
Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ЦЈЗ Прилеп спроведе санитарно-хигиенска контрола во кујната на добавувачот и во трпезарискиот дел на фабриката, при што беа земени мостри од жива и нежива средина за анализа.
ЦЈЗ предложи низа санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки, вклучувајќи редовно одржување на хигиена, правилна манипулација и складирање на храната. Објектот за приготвување храна беше затворен сè до добивањето негативни резултати од земените мостри.
Епидемијата беше официјално прогласена за завршена на 11 јуни, по спроведување на сите неопходни мерки.
Дополнително, во истиот период беше пријавен и еден случај на салмонелоза кај странски државјанин од Србија, кој привремено престојувал во земјата.