Утре, 22 октомври 2025 година, повеќе делови од Тетово и тетовско ќе останат без електрична енергија поради најавени планирани прекини во снабдувањето со струја, соопштува ЕВН Македонија.
Според најавата, прекини ќе има во следниве населени места и локации:
• Град Тетово – делови од градот и објекти кои се наоѓаат во населбата Гроцка, како и ЗИК Ладилник и ЗИК Млекара, во периодот од 08:00 до 14:30 часот.
• Горно Седларце – без струја од 08:50 до 14:30 часот.
• Камењане – прекин на електрична енергија од 08:50 до 14:30 часот, како и повторно од 12:00 до 13:00 часот во делови каде се наоѓаат објекти на Кика Мебел, Есати Абдула, Млин, Сепарација, Ќиле Цау, Меваип Јакупи и Еуромебел.
• Мала Речица – од 09:00 до 14:00 часот, во делот околу улицата Љуботенска.
• Челопек – од 09:00 до 15:00 часот, во делови од селото.
ЕВН апелира граѓаните и фирмите навреме да ги завршат своите обврски и да ги исклучат електричните уреди за да се избегнат евентуални оштетувања при повторно вклучување на напонот.