Во Општина Гостивар, локалните избори за градоначалник не успеаја да ја исполнат законската граница за цензус, откако излезноста изнесуваше 33,31%, односно за околу дваесетина гласа помалку од потребната една третина.
Според првичните официјални податоци на Државната изборна комисија, од вкупно 82.893 избирачи, право на глас искористиле 27.609 лица, додека 2.173 ливчиња биле неважечки.
Резултатите покажуваат дека Ваљбон Лимани од НАИ добил 16.949 гласа (61,39%), Себаедин Даути од ВЛЕН 4.221 глас (15,29%), Дарко Грујоски од Левица 2.857 гласа (10,35%), а Висар Адеми од група избирачи 1.409 гласа (5,10%).
Законската процедура предвидува повторување на целиот изборен процес, кој треба да се распише во рок од 60 дена. Во меѓувреме, Владата ќе именува повереник кој ќе ги врши работите од надлежност на градоначалник.