УТРО.мк

ЕУ размислува за делумно членство за Украина за да се заобиколи отпорот на Орбан

ЕУ размислува за делумно членство за Украина за да се заобиколи отпорот на Орбан
Vero

Европската унија разгледува можност за забрзано вклучување на Украина како делумна членка, со ограничени права на одлучување, објави Politico повикувајќи се на дипломатски извори и функционери на ЕУ. Според предлог-идејата што кружи низ институциите, новите членки би можеле да пристапат без право на вето во клучните прашања, како што се буџетот, даночната политика, надворешните работи и проширувањето на ЕУ.

Антон Хофрајтер, претседател на Комитетот за европски прашања во Бундестагот, истакнува дека идните членки би се откажале од правото на вето додека не се спроведат институционални реформи, како воведување на квалификувано мнозинство во повеќето политики. Целта на оваа реформа е да се спречи некои земји, особено Унгарија, да го блокираат процесот на проширување.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќепати го користел своето право на вето за да го успори пристапот на Украина, но делумното членство со ограничени права би можело да го намали неговиот отпор. Идејата ја поддржуваат Австрија и Шведска, кои се залагаат за проширување на Унијата.

Во моментов шест земји активно преговараат за членство: Украина, Црна Гора, Молдавија, Србија, Албанија и Северна Македонија. Иако Украина формално започнала преговори дури во 2024 година, се очекува да стане членка пред повеќето земји од Југоисточна Европа. Замениот премиер на Украина, Тарас Качка, изјавил дека до декември може да се отворат шест преговарачки кластери, што значително би ја приближило Украина кон членството.

Се разгледува и предлогот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, идните преговори за членство да се одобруваат со квалификувано мнозинство, наместо со единствено согласување на сите членки, но ова наиде на отпор од некои земји, вклучително Франција, Холандија и Грција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да учествува на средба на високо ниво во Брисел оваа недела, каде што ќе бара дополнителна поддршка на Унијата, а можна е и билатерална средба со Орбан за решавање на прашањето за членство. Сепак, меѓу европските лидери сè уште нема целосен консензус, а најновиот нацрт на заклучоците на Европскиот совет не содржи конкретни одлуки за проширување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран