УТРО.мк

Планиран прекин на електрична енергија во тетовски села

Планиран прекин на електрична енергија во тетовски села
Vero

Тетовските села Лавце и Лешок утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електромрежата, соопшти ЕВН Македонија.

Прекинот е закажан за вторник, 21 октомври 2025 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Според најавата, без струја ќе бидат:

дел од селото Лавце, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на џамијата; дел од селото Лешок, во областа кај бензинската пумпа.

Од компанијата информираат дека прекинот е дел од редовното одржување и подобрување на дистрибутивната мрежа, со цел зголемување на сигурноста и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран