УТРО.мк

Прекинато водоснабдувањето во Тетово по оштетување на главната водоводна мрежа

Прекинато водоснабдувањето во Тетово по оштетување на главната водоводна мрежа
Vero

Во градот Тетово денеска е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на главната водоводна линија Лешница, информираа од ЈКП „Шар“.

Според соопштението, непознати лица со остри алатки ја оштетиле мрежата, по што екипите на јавното претпријатие веднаш излегле на терен и работат со полн капацитет за санација на дефектот.

„Нашите екипи се ангажирани без прекин со цел што побрзо нормализирање на водоснабдувањето,“ наведуваат од ЈКП „Шар“, апелирајќи граѓаните да покажат разбирање додека траат поправките.

Од претпријатието уверуваат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по целосната санација на оштетената мрежа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран