УТРО.мк

ЕУ со голем удар за Путин – Дали Русија ова ќе го издржи?

ЕУ со голем удар за Путин – Дали Русија ова ќе го издржи?
Vero

Советот на Европската Унија усвои историска забрана за транзит на руски гас низ територијата на ЕУ, која стапува на сила од 1 јануари 2026 година. Новите правила предвидуваат дека купувачите од Унијата нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас, а сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година, без оглед на претходно договорените рокови.

Оваа мерка е дел од пошироката стратегија на ЕУ за енергетска независност од Русија и за зајакнување на безбедноста на Европа. Данскиот министер за енергија Ларс Огард истакна дека целта е конечна елиминација на рускиот гас и нафта од европскиот пазар, што ќе ја направи Унијата посилна и побезбедна.

Иако увозот на руски гас од почетокот на руската агресија врз Украина е намален од над 40 на 13 отсто, ЕУ сè уште годишно увезува околу 15 милијарди евра гас од Русија. Некои земји како Словачка и Унгарија продолжуваат да увезуваат преку цевководи, додека Белгија и Франција го зголемија увозот на руски течен природен гас (ЛНГ). Во меѓувреме, уделот на руската нафта во вкупниот увоз на ЕУ падна под 3 проценти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран