УТРО.мк

Нафтата падна под 61 долар – пазарите во страв од вишок понуда и политичка неизвесност во САД

Нафтата падна под 61 долар – пазарите во страв од вишок понуда и политичка неизвесност во САД
Vero

Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат на меѓународните пазари, спуштајќи се под нивото од 61 долар за барел. Причината, според аналитичарите, лежи во проценките за вишок понуда на глобалниот пазар и во најавите за затоплување на односите меѓу САД и Русија, што би можело да овозможи полесен пристап до руската нафта.

На лондонскиот пазар, барел нафта по пладне се тргуваше по цена од 60,57 долари, што е за 72 центи пониско во однос на затворањето во петокот. На американскиот пазар, цената се намали за 66 центи, на 56,88 долари за барел.

Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), понудата на нафта расте побрзо од побарувачката, што ја зголемува загриженоста кај инвеститорите. Светските залихи достигнале највисоко ниво во последните четири години – 7,9 милиони барели во август – а вишокот на понуда би можел дополнително да се зголеми на почетокот на 2026 година.

Дополнителна несигурност на пазарите внесе и ризикот од затворање на американската влада, поради несогласувањата меѓу Демократите и Републиканците околу буџетот за следната година. Демократите бараат да се продолжи финансирањето на здравствената програма за ранливите граѓани, додека Републиканците го одбиваат предлогот.

Ако не се постигне договор, околу 750.000 владини службеници би можеле да бидат испратени на неплатен одмор, што, според институтот CBO, ќе предизвика краткорочно намалување на јавните трошоци, но и дополнителна економска нестабилност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран