Утре, 21 октомври, повеќе скопски населби ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во електромрежата, соопшти ЕВН Македонија.
Прекините ќе траат неколку часа и ќе опфатат делови од општините Карпош, Визбегово и Аеродром.
Карпош – од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Ловќенска околу број 14, како и дел од булевар Партизански одреди, поточно автобуската постојка кај хотел Карпош.
Визбегово – од 09:00 до 13:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на ул. Стар Качанички пат и дел од Нов Качанички пат.
Долно Лисиче – прекин на електричната енергија ќе има од 09:00 до 14:00 часот за дел од селото.
Дополнително, прекин е најавен и за областа Мала Река, Алдинци, Карачица и Солунска Глава, каде струја ќе нема од 08:30 до 16:00 часот.
Од ЕВН нагласуваат дека станува збор за планирани зафати со цел одржување и модернизација на електродистрибутивната мрежа и дека снабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршување на работите.