УТРО.мк

Ова се бројките на освоени советници на Град Скопје

Ова се бројките на освоени советници на Град Скопје
Vero

Во новиот состав на Советот на Град Скопје, коалицијата составена од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ обезбедува стабилно мнозинство од 25 советници, покажува конечната распределба на мандатите објавена од Државната изборна комисија (ДИК).

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 18 советници, додека коалиционите партнери Левица, „Вреди“ и ДУИ ќе добијат по 6 советници. СДСМ ќе располага со пет мандати, а по еден советнички мандат освоија коалицијата „Искуство за успех“, партијата ЗНАМ и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.

Советот на Град Скопје брои вкупно 45 членови, што значи дека владејачката коалиција ќе има доволно гласови за донесување одлуки.

На локалните избори во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше 18 советници, додека СДСМ тогаш освои 12, што е седум повеќе отколку сега. ДУИ имаше пет советници, Левица четири, а по два мандати добија Алијансата за Албанците, Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните претставници од „Зелен хуман град“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран