На 19 октомври 2025 година околу 22:30 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Д.Е. (21) и А.Е. (46) од Тетово, поради физички напад врз полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.































