УТРО.мк

Обид за убиство во Скопје

Обид за убиство во Скопје
Vero

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори истрага против маж осомничен дека се обидел да го убие својот брат во семејниот дом во село Марино.

Инцидентот се случил на 18 октомври, кога осомничениот физички го нападнал својот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото. Од ударите, жртвата почнала да крвари и изгубила свест, а напаѓачот – наместо да повика помош – легнал да спие.

Следното утро, кога го видел брат му како лежи во крв, не повикал веднаш итна медицинска помош, туку тоа го направил дури по околу три часа.

Јавниот обвинител побарал мерка притвор за осомничениот, земајќи ги предвид тежината на делото и опасноста од бегство или повторување на кривичното дело.

Случајот се води како обид за убиство, согласно член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран