На 19.10.2025 во 22:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Д.Е.(21) и А.Е.(46) од Тетово затоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.