УТРО.мк

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата „Вреди“, Башким Бакиу.

На средбата, Меџити и Бакиу му изразија искрена и силна поддршка на Ѓорѓиевски за претстојниот втор круг од локалните избори во главниот град.

„Поддршката што ја добив денес од Изет Меџити и Башким Бакиу ми дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека заедно со граѓаните ќе го направи Скопје „повторно горд, модерен, достоинствен и отворен град за сите што живеат во него“.

„Скопје го правиме заедно – по скопски! Победата ќе биде историска!“, порача Ѓорѓиевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран