Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта привремено исчезнаа откако беше одложен и подготовителниот состанок меѓу американскиот и рускиот министер за надворешни работи. Дипломатските извори наведуваат дека позициите за прекин на војната во Украина се далеку од усогласени, а Русите не се подготвени да прифатат замрзнување на конфликтот на сегашните фронтовски линии.
Кремљ ја опиша средбата како „конструктивна дискусија“ за можни конкретни чекори, но САД заклучиле дека Русите не отстапуваат од максималистичките позиции, па советникот на Трамп, Марко Рубио, не препорачал состанок следната недела. Од руската страна се истакнува дека ништо не е официјално договорено, но идејата за средба постои и е од значење.
Украинските власти сметаат дека подобро е состанокот да не се одржи, бидејќи претходни разговори Трамп-Путин резултирале со слабеење на поддршката за Украина и признавање на руски освојувања. Еврпските лидери ја потврдија својата поддршка за Украина и го истакнаа принципот дека меѓународните граници не можат да се менуваат со сила.
Сепак, можно е средбата Трамп-Путин да се случи во Будимпешта во првата половина на ноември, по завршувањето на посетата на Трамп во Јужна Кореја и самитот на APEC, што би можело да има значително геополитичко влијание.
Поранешниот висок функционер во унгарските разузнавачки служби, Петер Буда, предупредува дека руската „мировна дипломатија“ всушност води војна со други средства, а привидниот дипломатски успех долгорочно може да се претвори во сериозна трагедија, со потенцијално поттикнување на понатамошна руска агресија.