Вчера околу 15:30 часот на граничниот премин Долно Блаце, товарно возило „Волво“ со приколка од Србија управувано од Ј.Н.(44) удрило во објект на Царинската управа. Несреќата предизвикала оштетување на покривот и рампата на терминалот.
Полицијата од СВР Скопје веднаш извршила увид, а деталите за причините се уште се утврдуваат. Очевидци велат дека ударот бил толку силен што се слушнал оддалеку.