Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, денес се приведени повеќе од 20 лица, меѓу кои и поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница.
Од Обвинителството за Скопје1 потврдуваат дека акцијата е спроведена по нивни наредби и насоки и дека во моментов се преземаат истражни дејствија поврзани со наводни злоупотреби во работењето на јавната здравствена установа.
Според првични информации, предметот се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреба на јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.
Ова е една од најголемите акции во последните години во здравствениот сектор во Прилеп, а јавноста утре очекува Обвинителството да објави повеќе детали за уапсените и можните кривични дела.