УТРО.мк

Украина и европските земји подготвуваат план од 12 точки за завршување на војната

Украина и европските земји подготвуваат план од 12 точки за завршување на војната
Vero

Европските земји, во соработка со Украина, работат на предлог за мировен план од 12 точки, со цел запирање на војната во Украина на сегашните линии на фронтот, пренесува Ројтерс.

Според извори запознаени со процесот, планот предвидува формирање Мировен комитет со кој би претседавал американскиот претседател Доналд Трамп, и кој би го надгледувал спроведувањето на договорот.

Документот опфаќа итен прекин на борбите, враќање на депортираните украински деца, размена на заробеници и безбедносни гаранции за Украина.

Во рамките на планот, Киев би добил финансиска поддршка за обновата на земјата и забрзан пат кон членство во Европската унија. Санкциите против Русија би се укинуваале постепено, но околу 300 милијарди долари замрзнати руски резерви би биле ослободени дури по прифаќањето на Москва да придонесе кон поствоената обнова на Украина. Доколку Русија повторно го прекрши договорот и започне нова агресија, санкциите автоматски би се вратиле.

Планот предвидува и преговори меѓу Москва и Киев за статусот на окупираните територии, иако Европа и Украина остануваат на ставот дека нема да признаат ниту една област како руска.

Русија досега ги одбивала сите предлози за прекин на борбите на сегашните линии, и покрај огромните човечки загуби во речиси четиригодишниот конфликт. Изворите наведуваат дека деталите на планот сè уште се финализираат и може да бидат изменети, а се очекува европски претставници наскоро да отпатуваат во Вашингтон на консултации со американската администрација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран