Меркур, планетата на комуникацијата, влегува во Стрелец на 29 октомври и ќе остане до 19 ноември, кога ќе биде ретрограден. Најмногу ќе влијае на Стрелци, Лавови и Овни.
Овој Меркур носи оптимистичко и искрено размислување, љубов кон патување, истражување и споделување на идеи кои го надминуваат секојдневието. Се интересира за различни култури, религии и знаења кои го прошируваат умот.
Иако не сака правила и детална рутина, неговиот ентузијазам и вера во подобро утре отвораат нови можности и запознавања. Овој период е идеален за учење, пишување, предавање и инспирирање на другите, со нагласок на слобода во размислувањето и говорот.































