УТРО.мк

Се огласи Белата куќа за средбата помеѓу Путин и Трамп: Ништо не е готово, следи целосен пресврт?

Се огласи Белата куќа за средбата помеѓу Путин и Трамп: Ништо не е готово, следи целосен пресврт?
Vero

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не е целосно исклучена, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.

„Претседателот и целата администрација се надеваат дека еден ден тоа повторно може да се случи, но сакаме да бидеме сигурни дека од таа средба ќе произлезе конкретен и позитивен резултат“, рече таа на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Според неа, Трамп не видел доволно конкретни чекори од Русија кон воспоставување мир, нагласувајќи дека „очекува дела, а не само зборови“ за завршување на војната.

Ливит додаде дека Трамп станува сè пофрустриран и дека од него зависи дали ќе има нови санкции против Русија.

Трамп вчера соопшти дека го откажал планираниот состанок со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран