УТРО.мк

ЕУ не ја одобри исплатата на руските средства за Украина – нова расправа во декември

ЕУ не ја одобри исплатата на руските средства за Украина – нова расправа во декември
Vero

Лидерите на Европската унија се согласија да ја поддржат Украина финансиски во следните две години, но го одложија одобрувањето на користењето 140 милијарди евра замрзната руска имовина до декември, поради противење од Белгија, објави BBC.

Планот предвидуваше користење на средствата депонирани во белгиската клиринг-куќа Euroclear како „репарациски заем“ за Украина, но Белгија изрази страв од правни последици и финансиски ризици. Премиерот Барт де Вевер предупреди дека иницијативата може да предизвика судски тужби и да ја загрози стабилноста на Euroclear.

Во заклучоците од самитот се наведува дека руската имовина ќе остане замрзната додека Москва не го прекине војувањето и не ја надомести штетата нанесена на Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека темата е „многу сложена“ и дека ќе бидат разгледани нови опции за финансиска поддршка. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека Украина ќе ги има потребните средства за одбрана.

Русија реагираше остро – портпаролката на МНР Марија Захарова предупреди дека секоја конфискација ќе добие „болен одговор“.

Истовремено, САД воведоа санкции против нафтените гиганти Роснефт и Лукоил, поради што Доналд Трамп го одложи планираниот состанок со Владимир Путин во Будимпешта. ЕУ, пак, усвои нов пакет санкции кои ги таргетираат и три кинески компании што тргуваат со руска нафта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран