УТРО.мк

санкциите на Трамп предизвикаа паника во Унгарија и Словачка: „Можеме целосно да останеме без нафта“

санкциите на Трамп предизвикаа паника во Унгарија и Словачка: „Можеме целосно да останеме без нафта“
Vero

Новата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување санкции кон најголемите руски нафтени компании, Лукоил и државниот Роснефт, ја потресе енергетската стабилност во Централна Европа. Иако целта на мерките е долгoroчно да се исфрли руската нафта од европскиот пазар, најголеми последици би можеле да почувствуваат Унгарија и Словачка, две членки на ЕУ кои сè уште речиси целосно зависат од руските испораки.

Администрацијата на Трамп најави дека од 21 ноември ќе бидат санкционирани сите субјекти кои соработуваат со Лукоил и Роснефт, што значи дека европските банки повеќе нема да можат да ги извршуваат нивните трансакции. Аналитичарите оценуваат дека ова е најсериозен удар врз рускиот енергетски сектор од почетокот на војната во Украина, но и потенцијален удар врз енергетската стабилност на Унгарија и Словачка.

Лукоил сè уште е клучен снабдувач на нафта за двете земји, кои зависат од руските испораки преку нафтоводот Дружба. Учество на руската нафта во нивниот увоз изнесува од 86 до 100 проценти, а досега користеле исклучоци од европскиот ембарго на руската нафта.

Од Братислава велат дека санкциите би можеле целосно да ја запрaт испораката. Еден висок словачки официјален претставник призна дека владата „најверојатно ќе побара исклучок од Вашингтон“ за да ја обезбеди континуираната снабденост. Од Будимпешта засега нема официјален коментар, но унгарската влада на Виктор Орбан веќе порано истакна дека „енергетската сигурност не смее да се жртвува поради политички одлуки“.

Санкциите би можеле да влијаат и врз Лукоиловите рафинерии во Романија, Бугарија и Холандија, но најголем ризик, според Politico, го носат државите кои физички се зависни од руските нафтоводи.

Европските дипломати признаваат дека политичкиот притисок врз Будимпешта и Братислава е голем, бидејќи двете земји досега блокирале повеќе предлози за построги енергетски санкции против Русија. За разлика од повеќето други членки, Унгарија и Словачка не успеале да пронајдат одржливи алтернативни извори на сурова нафта, а нивните енергетски системи сè уште се речиси целосно поврзани со руската инфраструктура.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран