Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека, доколку Европската унија навистина сака во Украина што побрзо да завладее мир, тогаш треба да направи сè за да се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта.
„Средба без никакви пречки и со целосна поддршка од ЕУ — тоа е мојот официјален став“, изјави Фицо, пренесува агенцијата ТАСР.
Тој посочи дека постојат обиди да се попречи претстојната средба меѓу Путин и Трамп, што ги нарече „грда глетка“.
Фицо нагласи дека некои министри за надворешни работи од земји-членки на ЕУ дури тврделе дека Путин би можел да биде уапсен доколку неговиот авион прелета над нивната територија, додека медиуми блиски до Европската комисија предупредиле Унгарија да го спроведе меѓународниот налог за апсење.
„Одамна велам дека ЕУ се претвори во воен кабинет, а голем број нејзини земји-членки активно го поддржуваат војувањето во Украина, наивно верувајќи дека така ќе ја ослабат или поразат Русија“, изјави словачкиот премиер.