УТРО.мк

Тоневски: Пробиштип добива стабилно мнозинство и нов почеток

Тоневски: Пробиштип добива стабилно мнозинство и нов почеток
Vero

Во Советот на Општина Пробиштип е официјализирано новото мнозинство составено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од Движењето ЗНАМ, со што е поставена основата за стабилно и одговорно функционирање на локалната власт.

Кандидатот за градоначалник Тони Тоневски изјави дека ова мнозинство претставува повеќе од политичка соработка – тоа е, како што нагласи, „заедничка волја за работа, чесност и посветеност кон развојот на општината“.

„Подаваме рака кон сите советници кои искрено се залагаат за доброто на Пробиштип. Време е Советот да работи за граѓаните, а не за лични или партиски интереси“, порача Тоневски.

Тој најави дека новиот Совет ќе биде насочен кон квалитетни дебати, аргументирани критики и нови идеи што ќе придонесат за реален развој на секој дел од општината.

„Пробиштип заслужува повеќе – и конечно ќе го добие тоа“, порача Тоневски, додавајќи дека новото мнозинство е прв чекор кон „тим што носи резултати, а не празни ветувања“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран