Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата на телевизијата Канал 5 за одржување дебата со неговиот противкандидат Амар Мециновиќ.
„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој потенцира дека Канал 5 е првата телевизија со национална концесија што доставила покана за вакво соочување, и дека прифаќањето на дебатата е израз на транспарентност, почит кон јавноста и демократски дух.
„Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат,“ порача Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Терминот и форматот на дебатата ќе бидат дополнително усогласени со продукцијата на Канал 5.