Жителите на неколку скопски населби ќе се разбудат без електрична енергија во среда, 22 октомври 2025 година. Според најавите од енергетските власти, станува збор за планирани прекини поради технички зафати и подобрување на дистрибутивната мрежа.
Прекините ќе опфатат делови од Кисела Вода, Центар, Карпош, Долно Лисиче, како и населбите Сарај и Ајдинци, со времетраење од неколку до дури осум часови!
Еве ги засегнатите локации и временскиот распоред:
Кисела Вода
- Бул. Борис Трајковски околу ОХИС (ул.1523) – од 09:00 до 12:00
- Дел од бул. Борис Трајковски кон Драчево (од бр.77 до 85) – од 09:00 до 12:00
Центар
- Ул. Питу Гули (околу Српската амбасада) – од 09:00 до 13:00
- Блок згради од бул. Партизански одреди бр.17 до ул. Максим Горки – од 09:00 до 15:00
Карпош
- Дел од ул. Пијанец – од 09:00 до 14:30
Долно Лисиче
- Одредени делови од населеното место – од 08:00 до 14:00
Сарај
- Корисниците на ул. 4 и ул. 10 – од 08:30 до 14:30
Ајдинци и околината (Мала Река, Карачица, Солунска Глава)
- Цело подрачје – од 08:30 до 16:00
Граѓаните се советуваат навремено да ги завршат сите обврски поврзани со електрична енергија и да преземат мерки за заштита на електронските уреди.