УТРО.мк

Утре дел од Тетово и две села без струја поради планирани прекини

Утре дел од Тетово и две села без струја поради планирани прекини
Vero

Поради планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, утре (26 март 2026) без струја ќе останат делови од Тетово, како и селата Жеровјане и Радиовце.

Во Тетово, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, а ќе бидат опфатени објекти на улицата „Штипска“, на потегот од затворот кон Теќе.

Во селото Жеровјане, дел од населението ќе биде без електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот.

Истовремено, и селото Радиовце ќе остане без струја во истиот временски период, од 09:00 до 14:30 часот.

Од надлежните служби информираат дека прекините се поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран