
Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот.

Станува збор за простор кој важи за едно од омилените места за одмор и рекреација на прилепчани, особено на најмладите. Сепак, токму овој парк често е мета на оштетувања на урбаната опрема.

Од ЈКП Комуналец информираат дека навремената интервенција има за цел да се обезбедат безбедни и функционални услови за сите посетители, како и да се зачува уредениот изглед на јавниот простор.
Воедно, апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон урбаната опрема и да придонесат за зачувување на парковите, со цел тие да останат пријатни и безбедни места за сите.























