
НЕКОЈ Е СИЛЕН САМО НА ЗБОР, А ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ СЕ СИЛНИ НА ДЕЛО.
Во новата градежна сезона започна реализацијата на уште еден значаен проект во образовната инфраструктура. Станува збор за изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект финансиран преку вториот владин повик, во соработка со Министерството за образование и наука.
Како што информира Борче Димитровски, проектот опфаќа изградба на отворени повеќенаменски терени наменети за ракомет, кошарка и одбојка, со вкупна површина од 1.311 метри квадратни.
Покрај спортските терени, предвидено е поставување на тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, како и асфалтирање на површина од 2.081 метар квадратен. Проектот вклучува и изградба на пешачка патека во бехатон со површина од 294 метри квадратни, уредување на пристапниот дел, изградба на паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.507.414 денари.
Со реализацијата на овој проект, училиштето „Даме Груев“ се приклучува кон останатите основни училишта во општината кои добиваат современи услови за спорт и рекреација, што е дел од заложбите за подобрување на условите за учениците и поттикнување на здрави животни навики.























