УТРО.мк

Коњановски: Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа

Коњановски: Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска испрати силна порака до јавноста во врска со состојбите во фудбалскиот клуб ФК Пелистер, потенцирајќи дека клубот не смее да се гледа низ призма на дневна политика или поединечни интереси.

„Пелистер не е партија, Пелистер не е интерес, Пелистер е Битола“, истакна Коњановски по средбата со раководството на клубот, на која присуствувале претседателот Александар Стефановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот Борче Димитровски, како и новиот тренер Марјан Секуловски и фудбалерите од тимот.

Тој апелираше да не се шират неточни и тенденциозни информации за работата на клубот, нагласувајќи дека Општина Битола како единствен акционер работи транспарентно и дека сите податоци се достапни за јавноста.

Коњановски посочи дека клубот е подготвен да ги демантира сите невистини поврзани со буџетот, стручноста на кадарот и планирањето на активностите.

Во своето обраќање, градоначалникот упати критика до оние кои, како што рече, ликуваат на неуспесите на клубот.

„Поединци се радуваат на падот, мислејќи дека тоа е нивна победа. Но, Пелистер не се мери по една слаба сезона, туку по историјата, навивачите и издржливоста“, истакна тој.

Според Коњановски, клубот има сила да се издигне повторно, со поддршка од навивачите и со заедничка работа.

„Тие дојдоа и заминаа, а Пелистер ги надживеа сите. Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа“, порача Коњановски, додавајќи дека поддршката за клубот значи поддршка за Битола и нејзините граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран