УТРО.мк

Македонец фатен по бегство  – фатална сообраќајка во Србија

Македонец фатен по бегство  – фатална сообраќајка во Србија
Vero

Полицијата во Лесковац лиши од слобода 33-годишниот Н.К., државјанин на Македонија, поради сомнение дека предизвикал сообраќајна несреќа со фатални последици и го напуштил местото на настанот.

Несреќата се случила синоќа на автопатот кај Грделица, кога возилото што го управувал Н.К. удрило во 57-годишен пешак. Жртвата им подлегнала на тешките повреди на самото место, додека возачот продолжил да вози, без да застане и да укаже помош.

Српската полиција веднаш започнала истрага и оперативна потрага. Благодарение на брзата идентификација на возилото, Н.К. бил лоциран и приведен на подрачјето на Сремска Митровица, значително подалеку од местото на несреќата.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој се соочува со обвиненија за тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа.

Н.К. во законски предвидениот рок ќе биде изведен пред јавен обвинител со соодветна кривична пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран