УТРО.мк

Иран објави снимка: „Гаѓавме на носачот на авиони Абрахам Линколн“

Иран објави снимка: „Гаѓавме на носачот на авиони Абрахам Линколн“
Vero

Иран објави дека неговите вооружени сили испукале крстосувачки ракети кон американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, пренесуваат иранските државни медиуми. Press TV објави видео кое наводно прикажува лансирање ракети, додека агенцијата IRNA цитираше изјави на ирански морнарички официјални лица за операцијата.

Командантот на иранската морнарица, контраадмирал Шахрам Ирани, изјави дека движењето на „непријателскиот“ носач постојано се следи и дека ќе биде гаѓан штом влезе во дострел на иранските ракетни системи. Ова не е првпат Иран да тврди дека го погодил USS Abraham Lincoln – на 1 март, вториот ден од војната, тврдеа дека со четири балистички ракети го нападнале носачот.

Централното командување на американската армија (CENTCOM) претходно ги демантираше тврдењата на Иранската револуционерна гарда, нарекувајќи ги невистинити.

USS Abraham Lincoln (CVN-72) е нуклеарен носач на авиони од класата Nimitz, долг повеќе од 330 метри, со посада од околу 5000 луѓе и капацитет за над 60 авиони и хеликоптери. На бродот се наоѓаат невидливи борбени авиони F-35, а ударната група ја сочинуваат три разурнувачи со крстосувачки ракети Tomahawk, често придружени и од нуклеарна подморница.

Бродот учествувал во низа воени операции, вклучувајќи ги војните во Ирак и Авганистан и мисии на Блискиот исток и во Западниот Пацифик, а носачите како овој се клучни за американската воена стратегија, овозможувајќи брзо распоредување на борбени авиони без потреба од копнени бази.

According to Iranian Army's Public Relations, cruise missiles launched from the coast toward the sea successfully struck the USS Abraham Lincoln.pic.twitter.com/dbstqUyFAI— IRNA News Agency ☫ (@IrnaEnglish)March 25, 2026

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран