УТРО.мк

Свлечиште во Тетовско: Четири куќи се под непосредна опасност

Свлечиште во Тетовско: Четири куќи се под непосредна опасност
Vero

Поради обилните врнежи на западниот регион, во селото Шипковица е пријавено свлечиште кое ја загрозува непосредната безбедност на жителите. Четири куќи се директно во опасност, а граѓаните се советуваат да ги напуштат своите домови.

На терен се активирани екипи од Центарот за управување со кризи, СВР Тетово и Градежниот инспекторат при Општина Тетово. Кризниот штаб на Општина Тетово ги превзема сите неопходни мерки за заштита на населението и за следење на состојбата.

Жителите се повикуваат да се придржуваат до насоките од надлежните институции и да избегнуваат движење во зоната на свлечиштето, додека трае опасноста од појавување на нови ерозии на теренот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран