На 27.11.2025 во 02:00 часот пред казино лоцирано на автопатот Тетово-Скопје полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.С. (31) од Тетово заради омаловажување на полициски службеник и нарушен јавен ред и мир со оддавање на пијанство. При извршен алкотест, му биле измерени 2,32 промили. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.























