УТРО.мк

Телевизија Сонце затвора по 17 години емитување

Телевизија Сонце затвора по 17 години емитување
Vero

Телевизија Сонце, која од 2008 година се емитуваше преку кабелските оператори во Македонија, на 1 декември ќе престане со работа и со емитување на својата програма. Засега не е познато дали телевизијата ќе продолжи да функционира во друг формат, како што е интернет платформа.

Телевизијата е во сопственост на Ѓорѓија Атанасовски, роден во Прилеп, кој со децении живее во САД. Главниот и одговорен уредник, Игор Мицкоски, за 24инфо.мк изјави дека одлуката за затворање дошла од менаџментот на телевизијата и дека тоа претставува крај на последната активна компанија на Атанасовски во Македонија.

Мицкоски посочи дека можни причини за затворањето се политичката клима која, според него, се одразува на медиумската слобода, како и финансиските обврски кон АВМУ, кои оваа година достигнале до 60.000 евра за национално емитување, како и строгите регулативи за минимален број вработени.

Иако постојат неофицијални информации дека Атанасоски може да продолжи со активност преку друг правен субјект, како интернет телевизија, засега нема официјална потврда од сопственикот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран