УТРО.мк

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно
Vero

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денес одржа итен состанок поради обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

На состанокот присуствуваа директорот на ЦУК Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претставници од надлежните институции. Тие ја разгледаа ситуацијата на терен, проценија ризици по околните објекти и договорија координирани мерки за стабилизирање на критичната зона.

Од ЦУК истакнуваат дека ќе се воведе засилен надзор и ќе се изработи ургентен план за спречување на понатамошно лизгање на земјиштето. Заклучоците од состанокот ќе бидат проследени до Владата за натамошни постапки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран