Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово, нешто по 7 часот, се случила кај штипската населба „Три чешми“.
Според информациите од Клиничката болница во Штип, повредените не се во животна опасност. Две лица се хоспитализирани на Одделението за ортопедија, а тројца се згрижени на Хирургија.
Во болницата во тек се дополнителни прегледи и снимања за утврдување на степенот на повредите. Несреќата се случила при судир меѓу камион и патничко возило, а полицијата врши увид на местото на настанот.































