Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката, објавува вечерва порталот на албански јазил fol.mk.
Извори во ДУИ посочуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово.
Се очекува оваа одлука да биде објавена по вториот круг од изборите, за да не им се наштети на кандидатите на АКИ кои се натпреваруваат во вториот круг.
Ахмети не даде никакви јавни изјави, ниту во медиумите ниту на социјалните мрежи, по изборите на 19 октомври, на кои АКИ победи само во Липково и Пласница. Во Пласница, ВЛЕН не предложи кандидат.































