Под влијание на продор на потопол воздух од југозапад, во Македонија следува период на значително повисоки температури од просекот за овој период од годината. Според метеорологот Славчо Попоски, особено високи дневни температури се очекуваат од 24 до 27 октомври, со максимуми од 19 до 26 степени.
Во Скопје и околината, температурите во овој период ќе надминат 20 степени, а времето ќе биде променливо со повремен локален дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попоски предупредува дека наглите временски и температурни промени ќе создадат неповолни биометеоролошки услови, особено за метеопатите, кај кои може да се појават значителни здравствени проблеми. Тој апелира до овие лица да ги следат советите на својот лекар.
И минималните утрински температури ќе бидат повисоки, што значи дека и наутро ќе се почувствува потопло време.































