УТРО.мк

Долги колони кон Грција – два часа чекање на граница

Долги колони кон Грција – два часа чекање на граница
Vero

Голем број граѓани утрово се упатија кон Грција за да го искористат неработниот ден за прошетка или шопинг, но многумина прво ќе мора да поминат околу два часа во колона на граница. Според информациите од АМСМ, времето на чекање на граничниот премин „Богородица“ е зголемено, а оние кои патуваат кон Солун ќе треба да сметаат и на околу пет часа возење во двата правци.

Зголемена фреквенција на возила има и на други премини – на „Табановце“ се чека околу 40 минути, а на „Блаце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини задржувањата се пократки и без значителни застои.

Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози, со умерен интензитет на движење надвор од градските средини.

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде што постои можност за појава на одрони – Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран