Во скопската населба Аеродром утрово се случи сообраќајна несреќа во која четири лица беа повредени, откако автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки излета од коловозот и удри во пешаци на тротоарот.
Инцидентот се случил околу 11:25 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Видое Смилески-Бато“ и сервисната улица кај трговски центар. Возилото, управувано од Т.Н. од Скопје, најпрво удрило во пешаците Г.К. (40), М.К. (39) и две малолетнички, по што се забило во семафор.
Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им се укажува лекарска помош. Полицијата изврши увид на местото и работи на утврдување на причините за несреќата.
Извор: News24live































