УТРО.мк

Меџити: Завршија работите на улицата „Ахмет Хајдари“ во Чаир

Меџити: Завршија работите на улицата „Ахмет Хајдари“ во Чаир
Vero

Изет Меџити, избран градоначалник на општина Чаир, денеска ја посети завршената улица „Ахмет Хајдари“ во населба Гази Баба, која е пуштена во сообраќај.

Асфалтирањето и изградбата на системот за одводнување се успешно завршени, што значително го подобрува сообраќајот и безбедноста во оваа зона.

Населбата доби нова, уредна и функционална улица, прилагодена на секојдневните потреби на жителите, кои сега можат да уживаат во подобрена инфраструктура.

Овој проект е дел од програмата на Меџити за унапредување на уличната мрежа и создавање на поквалитетни услови за живот во секоја населба на општина Чаир.

Меџити им се заблагодари на граѓаните на населба Гази Баба за трпението, соработката и довербата.

„Урбано уредување, функционални улици и подобар живот за нашите жители се наш приоритет“, истакна Меџити.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран