УТРО.мк

Хрватскиот парламент враќа задолжителен воен рок за младите

Хрватскиот парламент враќа задолжителен воен рок за младите
Vero

Хрватскиот Сабор донесе одлука за враќање на задолжителната воена служба, која беше укината во 2008 година и од тогаш се извршуваше само доброволно со мал интерес.

Според новите измени на законот, воениот рок ќе трае два месеци, а лицата што ќе го отслужат ќе добиваат месечна нето-плата од 1.100 евра. Покрај тоа, службата ќе се смета за работен стаж.

Задолжителниот рок ќе важи за мажи на возраст од 19 до 30 години, додека жените се ослободени, но можат да аплицираат за доброволна служба. Лицата што го завршиле воениот рок ќе имаат приоритет при вработување во органите на државната и локалната администрација, доколку ги исполнуваат истите услови како и другите кандидати.

Законот предвидува и можност за цивилна служба за оние кои имаат приговор на совеста. Тие можат да служат во Цивилната заштита на Министерството за внатрешни работи или во локалните единици на нивното место на живеење. Обуката во Цивилната заштита ќе трае три месеци секој ден, додека службата во локалните единици, на позиции како противпожарна заштита, управување со животната средина или одржување на јавни патишта, ќе трае четири месеци, односно пет работни дена по осум часа.

Оние што ќе се одлучат за цивилна служба ќе добиваат помал надомест, а висината на надоместокот ќе ја одреди Владата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран