УТРО.мк

Убиство на полицаец во Босана и Херцеговина

Убиство на полицаец во Босана и Херцеговина
Vero

Општинскиот суд во Босанска Крупа донесе пресуда против 14-годишен малолетник кој, под влијание на радикален исламизам, минатата година смртно го избодел полицаецот Озрен Маран и го повредил неговиот колега Авда Хасановиќ. Малолетникот е осуден на пет години престој во поправен дом во Орашје, јавија БХТ 1 и „Дневни аваз“, пренесува „Индекс“.

Од Обвинителството на БиХ потврдија дека истрагата за случајот сè уште не е целосно завршена, а во неа се опфатени и лица кои го индоктринирале малолетникот. По нападот, биле уапсени осум лица, од кои петмина и понатаму се под мерки за ограничување на движењето.

Трагичниот настан се случил во полициската станица во Босанска Крупа, кога малолетникот, влегувајќи внатре и извикнувајќи „Алаху Акбар“, го нападнал полицаецот Маран со нож, нанесувајќи му смртоносни повреди. Неговиот колега Хасановиќ, кој бил тешко повреден, сведочел дека нападот бил изненаден и многу брз.

„Го држев за главата, не за рацете. Ножот му испадна, но веќе беше доцна. Сè се случи во неколку секунди“, изјавил повредениот полицаец.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста во БиХ, особено поради возраста на напаѓачот и начинот на неговата радикализација. Истражните органи најавија дека ќе продолжат со постапката против оние кои го поттикнале на злосторството.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран