Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, и покрај тврдењата на Русија дека најновите санкции нема да имаат влијание врз неа, тие сепак претставуваат сериозен удар за рускиот претседател Владимир Путин.
„Иако Русија сега испраќа на светот сигнал дека санкциите наводно не влијаат на нејзината економија, сите можат да ја видат вистината – редици на бензинските пумпи низ Русија, банкротирани региони и дефицит во федералниот буџет. Санкциите остануваат еден од најболните удари за Путин, лично за него“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Тој додаде дека во Европа постои јасна политичка волја замрзнатиот руски имот да се насочи кон сеопфатна поддршка за Украина.
Да потсетиме, Путин во четвртокот изјави дека новите американски санкции се „од сериозна природа“ и дека ќе имаат последици за Русија, но нагласи дека тие нема да влијаат врз нејзината „економска благосостојба“.































